Будуќност падна на колена и пред МЗТ – Аеродромци херојски се изборија за четврта победа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во салата Јане Сандански го совладаа Будуќност со 96:90 во натпревар од дванаесетото коло од АБА.

Подобро го отворија натпреварот гостите, 4:8. МЗТ во првата четвртина успеа да израмни, 15:15, но ја загуби со два поени, 23:25. На стартот на втората четвртина кошаркарите на МЗТ го презедоа водството, 26:25. Водството на аеродромци се зголеми на двоцифрено, 48:37. На полувреме кошаркарите на МЗТ имаа водство од 4 поени, 52:48. Во третата четвртина кошаркарите на Будуќност стигнаа до водство, 54:55. МЗТ на два пати успеа да го израмни резултатот, 70:70. Будуќност во последните десет минути од натпреварот влезе со предност од два поени, 70:72. МЗТ во последната четвртина успеа да ја одигра фантастично и да слави на крајот со 96:90.

Скот со 15 поени го предводеше МЗТ до победа. Кларк и Клоф додадоја по 14, Дреновац 13, а двоцифрени натпреварот го завршија и Диабате, 12 и Лалиќ, 11 поени. Кај гостите Вилијамс со 21 поен беше најефикасен.

Во следното коло МЗТ Скопје му гостува на Морнар.