До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Челси беа поразени вечерва на домашен терен од Бурнмут со високи 3-0 во натпреварот од 25 коло во Премиер лигата.
Бурнмут направи голема сензација и лесно стигна до трите бодови, а најверојатно ова ќе биде голем удар за тренерот на Челси, Антонио Конте, кој би можел наскоро да си ги спакува куферите.
Гостите водството го превземаа во 51 минута, кога поведоа со 0-1 со голот на Вилсон, а 13 минути подоцна Станислас зголеми на 0-2, па конечниот резултат го постави Аке три минути подоцна.








