Буфон го прими погодокот на годината, па му се поклони на Роналдо: „Тој е како Пеле и Марадона“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Буфон после натпреварот даде своја изјава и не штедете на комплименти кон Роналдо и тимот на Реал Мадрид. Кралевите направија голем чекор спрема полуфиналето во Лигата на шампионите со победата од 3:0 над Јувентус во Торино.

Најубав момент на натпреварот се случи во 64. минута кога Роналдо со прекрасни „ножици“ го совлада Буфон. Навивачите на Јувентус со аплауз го наградија овој потег на Португалецот, кој го постигна и првиот гол со што стана првиот играч во историјата кој има постигнато барем по еден гол на 10 последователни натпревари во ЛШ.

„Роналдо е шампион кој е на неверојатно ниво. Тој и Лео Меси се тие кои го удараат печатот на најважните победи на нивните тимови. Може да се спореди со Пеле и Марадона , изјави Буфон после натпреварот“.

„Игравме против неверојатните прваци, тие имаат неверојатен квалитет и како резултат на тоа бевме помалку прецизни отколку вообичаено. Направивме многу грешки, но само затоа што тие се најдобри. За мене ова е особено разочарување, затоа што не можеме да поминеме понатаму, но против одредени противници едноставно морате да признаете дека се подобри“, додаде тој.