Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Пресврт, се знае и ставот на клубот, а навивачите ќе го прифатат ова со воодушевување.
Џанлуиџи Буфон кажа дека се зависи од Јувентус, а кога е така, тогаш тој сигурно ќе брани уште една сезона.
„Јувентус или заминување, уште се чувствувам добро, сигурно нема да дозволам да станам некој кој ќе го сожалуваат на голот. Оваа сезона направив неколку грешки, но имав и одлични натпревари и бев на свое ниво. Не се чувствувам поинаку од последните седум или осум години“, вели тој.
Претседателот на Јувентус, Ањели смета дека Буфон треба да остане уште една година.
„Счезни е одличен голман, се виде дека не недостигам. Секогаш и другите добиваа шанса. Тој покажа дека заслужува да брани во овој Јувентус“
Буфон исто така кажа дека разговарал со Липи кој го посоветувал по завршување на кариерата да биде надвор од фудбалот, да се одмори и да донесе одлука што ќе прави во својата иднина.
„Би сакал да станам селектор, но ќе видиме што ќе се случува“, додава Италијанецот.