„Ваква лоша глума не сум видел никаде, мечот Мејведер-Насукава е наместен!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Флојд Мејведер само за две минути заработи девет милиони долари, откако во Јапонија го декласираше младиот Теншин Насукава.

Легендата на светскиот бокс трипати го урна 20-годишниот Јапонец во рингот, а по третиот нокаут тимот на Насукава побара крај.

Многумина се убедени дека мечот во Ризин е наместен, а такво мислење има и поранешниот борец Брендан Шауб.

„Мејведер е најголем бизнисмен во светот на спортот, но од ова што го видов, подобра глума има и во филмовите за возрасни. На Теншин му требаат часови за глума“, вели Шауб.