Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Вардар му одржа вистинска лекција на Рајн Некар Левен во Махнајм и со сосема заслужената победа од 30:27 го однесе сиот плен во Скопје.
Избраниците на Парондо доминираа во текот на целиот натпревар и во ниту еден момент од самиот почеток на средбата не си ја доведоа победата во прашање.
Разликата одеше и до плус седум во корист на нашиот тим, а домаќинот во самиот финиш успеа истата да ја намали на негатива од три гола. Интересно е што Вардарци со три разлика водеа во 16. минута, а потоа на семафорот само се зголемуваше предноста, за на крај Рајн Некар да дојде до „прифатлив“ пораз од три гола разлика.
„Црвено црните“ одиграа извонредно дисциплиниран натпревар со многу малку технички грешки. Најпрецизен во нашиот табор беше Тимур Дибиров со седум погодоци, по шест постигнаа Карачиќ и Стоилов, додека на четири застана Криштопанс.
Кај Рајн Некар Левен единствено расположени за игра беа Шмид кој постигна девет и Колбахер кој натпреварот го заврши со осум голови. Нашиот Талески доби шанса во првиот дел, но се вклопи во сивилото на целиот тим и не покажа многу.
Следниот натпревар за Вардар е на 16 февруари кога во Скопје го пречекува Веспрем во дербито на колото во Лигата на шампионите.