Валверде: Заедно со Меси одлучивме да остане на клупата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона синоќа ремизираа против Реал Мадрид (1-1) во Ел Класико кое се играше во рамките на полуфиналето од Кулот на Кралот.

Реал Мадрид многу подобро го отвори мечот и во шестата минута поведе со 1-0 кога Лукас на асистенција на Бензема ја затресе мрежата на лутиот ривал. Сепак Барса во второто полувреме успеа да дојде до изедначување на голот кој го постигна Малком.

Токму Малком синоќа заигра на местото на Меси кој поради проблем со повреда остана на клупата. Меси доби удар за време на мечот против Валензија изминатиот викенд, но успеа да се опорави за дуелот со Реал, но на крајот остана на клупата бидејќи Валверде не сакаше да ризикува.

„Со Меси разговарав пред почетокот на натпреварот и заедно одлучивм дека е подобро да не игра од пвата минута. Не знам што ќе биде за наредниот меч. Доколку тој биде спремен тогаш ќе игра, но сигурно нема ништо да ризикуваме“. рече Валверде.