Валверде потврди: Крај на преодниот рок за Барселона, иако истиот не стартувал се уште


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пристигнувањето на Џејсон Мурилјо на позајмица од Валенсија очигледно е последно што ќе се случи кога е во прашање зимскиот преоден рок на „Камп Ноу“.

Барселона најави дека Мурилјо од први јануари ќе биде член на нивниот тим и ќе остане најмалку до летото на позајмица, а потоа Барселона би можела, доколку сака да го откупи неговиот договор.

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде вели дека во фудбалот никогаш и ништо со сигурност не може да се каже, но ги убеди новинарите дека Барселона нема да носи нови играчи до летото.

Се споменуваат разни играчи кога е Барселона во прашање, но судејќи по зборовите Валверде, со Мурилјо го комплетирал преодниот рок кој треба да почне за десеттина дена.

„Никогаш не знаете, но мислам дека за нас преодниот рок е завршен иако тој не е ниту започнат. Нема да доведуваме нови играчи ниту да ги продаваме нашите, но сепак, никогаш не знаете што времето ви носи“, вели Валверде.