Валверде реши кој ќе игра против Интер наместо Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона утре пред своите навивачи ќе игра големо дерби против Интер во рамки на третото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Двата клуба во првите два натпревари освоија по шест бодови и јасно дека следува спектакл на „Камп ноу“.

Сепак, домаќините ќе бидат ослабени бидејќи тренерот Ернесто Валверде не може да смета на својот најдобар играч Лионел Меси, кој ја повреди раката минатиот викенд.

Повредата на Меси дојде во најлош момент за Каталонците, зашто по Интер следува дуелот против Реал Мадрид.

Валверде е свесен дека ќе има проблеми во екипата, а шпанските медиуми пишуваат дека тренерот решил на местото на Меси да го пушти во игра Осман Дембеле.