Валверде со право е лут на управата, ги предупредуваше, сега во јануари ќе мора да ја отворат касата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона има проблем. Валверде беше лут на управата кога го продадоа Евертон за 20 милиони, а не доведе замена. Лев бек е Алба, нема конкуренција, минатата сезона одигра 50 од 62 натпревари.

Но, кога се повреди, како што беше случај минатата недела, Валверде немаше решение.

Проба со Вермален, но се виде дека тоа е промашување, а ни Серхи Роберто не е решение, а во првиот тим промовиран е Миранда, дечкото кој е талентиран, но потребно му е време.

Валверде веќе некое време бара искусен играч, па инсистира во јануари да се доведе бек.

Директорот Абидал за сега нема решение, го гледаа Леонардо Балерди од Бока, но не го задоволи вкусот на клубот, гледаат кон Мадрид, Фелипе Луиз е заинтересиран да се пресели на „Камп Ноу“, договорот му истекува во јуни, па Атлетико би можел да заработи на искусниот Бразилец. Но и Симеоне после продажбата на Врсаљко нема опција .

Од рака им оди слабата форма на Барса, но и незаинтересираниот Фелипе Луис, за кого се зборува дека е во тивок конфликт со Симеоне.