Ванда и Марота утре ќе преговараат за иднината на Икарди!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Преговорите меѓу Интер и Мауро Икарди се наводно закажани за утре, а на состанокот ќе присуствува неговата сопруга и агент Ванда Нара.

„Газета“ објави дека Икарди преговара со Реал Мадрид, но Аргентинецот ги отфрли шпекулациите и утре ќе се обиде да се договори со Интер.

Според италијанските медиуми, Интер сака да му понуди 7,5 милиони евра плус бонуси, со услов да се избрише клаузулата, односно постои опција таа да биде 250 милиони евра.

Меѓутоа, со бонусите, во најдобар случај, Икарди може да заработи осум милиони евра годишно, а тоа е помалку од сумата од 10 милиони која ја бара Ванда.

Во Интер се оптимисти и се надеваат дека ќе се договорат, зашто знаат дека Икарди сака да остане, но проблем прави неговата сопруга.