Вандевеге со пресврт ја исфрли Суарез Наваро, Бертенс ја победи Бегу


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Завршија уште два 1/8 финални натпревари од ВТА турнирот во Мадрид.

Вандевеге со пресврт стигна до победа против Суарез Наваро, 2:1 во сетови.

Американката во воведниот гем направи брејк, 1:0. Суарез Наваро го одзеде сервисот на Вандевеге во осмиот гем и го израмни резултатот, 4:4. Шпанката направи брејк во 12-от гем кој значеше и добивање на првиот сет, 5:7. Во вториот сет Вандевеге заигра подобро и со два брејка го израмни резултатот, 6:4, 1:1. Вториот гем од одлучвачкиот сет донесе брејк, 0:2 за Наваро. Потоа следуваа три брејка во низа, 3:4 за шпанската тенисерка. Во 11-от гем американката не и дозволи на Наваро да освои поен на нејзин сервис, па на својот сервис беше сигурна, 7:5. Вандевеге во 1/4 финалето ќе игра против подобрата од дуелот Стосур – Халеп.

Бертенс во два сета ја совлада Бегу, 2:0.

Холанѓанката беше фантастична во првиот сет и лесно го доби со 6:1. Многу брејкови беа видени во вториот сет од овој натпревар. Бертенс во 12-от гем го направи брејкот за победа, 7:5. Холандската тенисерка во 1/4 финалето ќе игра против Севастова.