Вардарки во Данска го надиграa Митиланд – Со два погодоци предност пред реваншот во Скопје


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометарките на Вардар го победија Митиланд на гости во првиот натпревар од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите, 26:28.

Домашните со три погодоци во низа стигнаа до водство, 4:2. Вардарки постигнаа пет погодоци во серија за плус три, 4:7. Митиланд успеа да намали на 6:7. Вардарки неколку пати во серија постигнаа по два погодоци и на полувреме заминаа со шест погодоци предност, 12:18.

Водството на Вардарки на почетокот на второто полувреме варираше од 5-6 погодоци. Ракометарките на Митиланд со три погодоци во низа намалија на три негатива, 19:22. Двата погодоци во серија на Вардарки му донесоа водство од пет погодоци, 21:26. Шест минути пред крајот домашните ракометарки намалија на еден негатива, 25:26. Вардарки на крајот победијa со 26:28.

Андреа Пенезиќ го предводеше Вардар со 7 погодоци. Александра Лакрабер постигна 5, Барбара Лазовиќ 4, Јованка Радичевиќ 3, Камила Херем, Тамара Мавсар и Андреа Лекиќ по 2, Сања Дамњановиќ и Андреа Човиќ по 1 погодок.. Кај Митиланд најефикасна натпреварот го заврши Остергард со 5 погодоци.