Вардар без Максимов, Попов и Пачовски во Лигата на Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на македонскиот шампион Вардар во составот за Лигата на Европа не се пријавени Горан Попов, Томе Пачовски, но и новиот фудбалер на тимот, Максим Максимов.

Веднаш по официјалната промоција на Максимов како нов фудбалер на Вардар следуваше објава од литванскиот клуб Тракаи од каде потекнува фудбалерот дека трансферот не е валиден.

Веројатно тоа претставува причина што Максимов го нема во ростерот на Вардар. Со тоа „црвено-црните“ остануваат само со еден искусен напаѓач и тоа новото засилување Итало.