Вардар без проблем го совлада Мешков Брест за шесто финале во СЕХА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Вардар во СЦ „Јане Сандански“ без поголеми проблеми го совлада тимот на Мешков Брест со 33:24 и така се пласираше во шестото финале во регионалното натпреварување.

Противник на „црвено црните“ во неделното финале ќе биде подобриот од средбата помеѓу ППД Загреб и Целје кој на програмата е во 20:15 часот.

Вардарци имаа контрола врз резултатот во текот на целиот натпревар, а на помеѓу стативите фантастичен беше Арпад Штербик.

Избраниците на Раул Гонзалез во вториот дел со една серија од 5:0 ги завршија сите надежи за Мешков Брест за било каков позитивен резултат на овој натпревар. „Црвено црните“ до самиот крај продолжија да ја наметнуваат својата игра и од напад во напад да ја зголемуваат предноста за на крај да дојдат до заслужена убедлива победа.

Лука Циндриќ беше најефикасен во Вардар со шест погодоци, а еден помалку постигна Вуко Борозан.