Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шампионот на Македонија Вардар го доби противникот со кој би се сретнал во третото коло од квалификациите во Лигата на шампионите.
Доколку вардарци успеат да ја минат пречката наречена Малме ќе се соочат со подобриот од натпреварот помеѓу Жилина и Копенхаген.
Данците првиот натпревар на гостувањето во Словачка го добија со 3:1 со што со едната нога веќе се во третото квалификациско коло.
Вардар има активен резултат од Шведска (1:1), па доколку во Струмица успее да го елиминира Малме ќе патува речиси на истата дестинација за следното коло.
Првиот натпревар од третото квалификациско коло на програмата е закажан за 25 и 26 јули, додека реваншите се седум дена подоцна на први и втори август.