Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ракометарите на Вардар стигнаа до седмата победа во групата А од Лигата на шампионите откако во СЦ „Јане Сандански“ славеа против шампионот на Германија, Рајн Некар Левен со 30:26.
Избраниците на Раул Гонзалез ја контролираа играта во текот на целиот натпревар и сосема заслужено стигнаа до победата со која се зацврстија на првата позиција во групата со 15 бодови. „Лавовите“ пак го забележаа првиот пораз во групната фаза од најелитното европско натпреварување.
Вуко Борозан одигра одличен натпревар во кој запиша седум погодоци, додека Иван Чупиќ застана на шест. Кај Рајн Некар своја вечер имаше само пикерот Баења кој заврши со пет голови.