Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европскиот ракометен шампион Вардар продолжува со одличните настапи во рамките од Лигата на Шампионите.
Избраниците на Раул Гонзалез против Нант ја запишаа и седмата последователна победа (27:23) во најелитното европско ракометно натпреварување, втора оваа сезона.
Вардарци во текот на целиот натпревар играа доста добар ракомет, и во поголемиот дел од средбата беа во предност. Сепак, во последните минути од средбата францускиот клуб опасно се доближи на 24:23 и најави доста неизвесен финиш.
Сепак, за среќа на Вардар, Нант немаше сили за пресврт и тоа беше нивниот последен обид за да сторат нешто на овој натпревар. „Црвено црните“ мирно ја сведоа играта до крај и донесоа втора радост за скопската публика.
Даинис Кристопанс и Фереира Мораеш беа најефикасни во Вардар со по пет постигнати голови, додека по четири постигнаа Чупиќ и Дибиров.
Кире Лазаров не се изнаигра во дресот на гостинскиот тим и на оваа средба не успеа да се запише во листата на стрелците.