Вардар ремизираше со Висла Плок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Вардар ремизираше во последниот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите со Висла Плок (31:31).

И овој бод беше доволен вардарци да се пласираат директно во четвртфиналето каде ќе го чекаат противникот по осминафиналните средби.

Групната фаза Вардар ја заврши со девет победи, три нерешени средби и два порази и тоа беше доволно да заврши на првата позиција пред гигантите Барселона, Рајн Некар Левен и Нант.

Што се однесува до натпреварот, Лука Циндриќ беше најефикасен со седум гола, а кај гостинскиот тим одлична средба одигра Дуарте кој запиша десет погодоци.