ВАР од наредната сезона во Лигата на шампионите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


УЕФА денес објави дека ВАР технологијата од наредната сезона ќе биде користена во ЛШ.

Иако од УЕФА до сега беа против оваа технологија, откако ВАР системот влезе скоро во сите најважни лиги и натпреварувања во светот, на крајот и Европската куќа на фудбалот одлучи да ја користи оваа технологија.

Освен во ЛШ, ВАТ технологијата ќе биде користена и на Европското првенство во 2020 година.

„Уверен сум дека моментот на имплементација на ВАР технологијата во август 2019. година  ќе имаме доволно време да го воведеме системот и на време да ги обучиме судиите за успешно и ефикасно го користат системот“, реча претседателот на УЕФА Александер Чеферин.

Кога е во прашање Европа лигата, таму ќе започне да се користи во сезоната 2020/21.