ВАР циркус во Полска: Прво црвен картон, па враќање на теренот за покажување на уште еден црвен картон?! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неверојатна ситуација е забележана синоќа на меч во Полска каде се сретнаа екипите на Легиа и Краковиа.

Краковиа направи големо изненадување со победата на тешкото гостување од 2:0, но овој меч ќе биде запаметен по неверојатната сцена која ја направи главниот судија. Имено, во 75. минута тој го исклучи домашниот фудбалер, Вилијам Реми кога му покажа втор жолт картон, односно црвен картон.

Реми жестоко стартуваше над играч од пртивничкиот табор, и заслужено заработи исклучување поради кое се помири. Играчот на Легиа замина во соблекувалната, а потоа судијата направи драма кога како гром од ведро небо одлучи да ја прегледа ВАР снимката од овој прекршок.

Сите на трибините беа шокирани кога судијата го повика Реми да се врати од соблекувалната. Навивачите на домашниот тим веруваа дека ќе му го поништи црвениот картон и ќе го врати во игра, а истото го помисли и Реми кога судијата му покажа жолт карток кој не му се сметаше.

Тогаш Реми истрча на теренот, а судијата повторно го врати. Објасни сека не се смета жолтиот, и дека поради прекршок ќе заработи директен црвен картон. Играчот на Легија не можеше да се воздржи и почна да се смее идентично како и публиката на трибините.