Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Фудбалерите на Арсенал го победија вчера на домашен терен Манчестер Јунајтед со 2:0 во рамките на англиската Премиер лига.
Еден од двата погодоци на својот тим ги постигна некогашниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Дани Велбек.
Тој, баш како и во претходните пати кога постигнуваше голови против Јунајтед, го прослави голот како и против секоја друга екипа.
Пред англиските медиуми ја објасни и причината зошто тоа го прави.
„Пораснав таму (во Манчестер) и тоа е посебно место во мојот живот. Сепак, кога сме на теренот тоа е само работа и обид да се освојат три бода. Кога ќе постигнете гол, стенувате среќен, зарем не? Тоа е нормално“, рече Велбек.
Да потсетиме, Велбек го носеше дресот на Црвените ѓаволи од 2008 до 2014 година.