Венгер повторно се враќа на терените – ќе му биде тренер на Елмас!?

Легендарниот француски тренер Арсен Венгер би можел наскоро да се врати на тренерската работа.

Венгер на крајот на минатата сезона замина од Арсенал, каде што беше 22 гоини, а иако сакаше да ја продолжи кариерата, сепак немаше добри понуди.

Турските медиуми пишуваат дека Венгер наскоро би можел да го преземе турскиот гигант Фенербахче.

Управата на клубот е незадоволна со тренерот Филипе Коку, а тимот се наоѓа на лоша позиција на табелата.

Коку наскоро би можел да добие отказ, а наводно понудата веќе била испратена до францускиот тренер.