До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Арсен Венгер на крајот на сезоната ќе замине од Арсенал. По две децении, 68-годишниот тренер одлучи да ја напушти тренерската позиција, а раководството на клубот активно бара негова замена.
Англиските новинари ги интересирасе дали Венгер има влијание на изборот на нов тренер на клубот, сепак, тој откри дека немал намера да го напушти Арсенал.
„Одлуката за заминување не беше баш моја. За другите работи зборував претходно. Искрено не знам што ќе правам. Во моментов не сум подготвен да размислувам за други екипи додека сум во Арсенал“, вели Венгер.









