Венгер сакаше да си игра, па се изгоре – Фирмињо и Мане го матираа Арсенал!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Денес се одигра и последниот натпревар од програмата во ПЛ помеѓу Ливерпул и Арсенал.

Натпреварот започна со притисок на тимот на Ливерпул, а првата шанса ја имаше играчот на Арсенал, Кокелан чиј удар беше изблокиран.

За првиот гол на натпреварот чекавме до 9-та минута по една одлична акција на Ливерпул преку Мане кој го пронајде Фирмињо кој успеа да постигне гол за 1:0.

Доминацијата на Ливерпул продолжи и понатаму во натпреварот, а во 29-та минута Кутињо испрати еден проектил кој успеа Чех да го сопре.

Една минута подоцна Џака испрати удар кон голот на Ливерпул, но топката отиде високо над голот.

Десетина минути подоцна, односно во 40-та минута Фирмињо создаде одлична акција и го најде Мане кој успеа да погоди и да го зголеми резултатот на 2:0.

До крајот на полувремето Фирмињо имаше уште една одлична шанса, но Чех овој пат беше подобар и успеа да го одбрани ударот на играчот на Ливерпул.

Во вториот дел влезе Санчез во игра и внесе свежина во тимот на Арсенал.

Првата голема шанса ја имаше Арсенал во вториот дел, поточно Жиру кој испрати удар со глава под пречката, но Мињоле со маестрална интервенција ја спречи топката да не влезе во голот.

Во 57-та минута Санчез имаше одлична асистенција до Велбек кој успеа да ја смести топката во мрежата на Мињоле и да намали на 2:1.

Возбудувањата продолжија и понатаму, а Матип во 76-та минута имаше одличен удар со глава кој Чех го одбрани феноменално и резултатот остана 2:1.

Дивок Ориги имаше уште една феноменална шанса, но овој пат стативата го спаси голот на Арсенал.

Конечниот резултат на 3:1 го постави Вајналдум во првата минута од судиското продолжение по асистенција на Ориги.