Венгер ја одби Барселона – Арсенал е секогаш мој прв избор!


Турскиот "Роналдо" го предизвикува Кристијано! ↓↓↓


Арсен Венгер одби можност на клупата на Барселона да го наследи Енрике, кој оваа сезона најави заминување од тимот.

Арсен Венгер е еден од кандидатите кои се споменуваат како можна замена за Енрике.

Шпанецот го најави своето заминување, а веднаш почнаа шпекулациите кој ќе го наследи. Се зборуваше за Венгер, но тој ги отфрли тие шпекулации.

„Мојот избор е секогаш ист и така ќе остане. Не барам работа по други клубови, ниту понуди. Фокусиран сум на себе, како да напредувам и да научам повеќе. Секогаш се трудам да сфатам што можам да направам подобро и да вложувам во себе.“

„Овде сум 20 години и имав многу пати шанса да заминам, но не морам никого да убедувам дека Арсенал секогаш беше мој прв избор.“