Венгер ја откри слабата точка на Англичаните!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсен Венгер не е единствен кој ја забележал, откако неодамна сличен коментар даде и Рио Фердинанд. Кајл Вокер е најслабата точка на англискиот тим според Французинот.

Англичаните се квалификуваа во осминафиналето на Мундијалот со победата против Тунис и Панама, а последниот дуел во групната фаза го играат против Белгија.

Венгер верува дека дури сега дефанзивецот на Манчестер сити ќе почуствува притисок, кога ќе го нападнат ѕвезди како што е Еден Азар.

„Вокер не е вистински дефанзивец, посебно не е централен дефанзивец. Тој може да прави грешки во одбраната, кои не би се забележале ако игра како десен бек“, вели Венгер.

Рио Фердинанд ја коментираше неговата игра како катастрофална, откако беше директен виновник за пеналот против Тунис во првиот меч.

„Ова е нова позиција за мене. Секако, уште ја учам. Малку е поинаку, не одам толку многу напред како што сум навикнат, но додека сум на теренот и Англија победува, јас сум задоволен“, кажа Вокер.