Венгер ја пронајде замената за Алексис


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минути го делеа Алексис Санчез од потпис со Манчестер Сити на последниот ден од трансфер периодот. Трансферот пропадна пред се поради фактот што Арсенал не успеа да го обезбеди потписот на Томас Лемар од Монако, а Чилеанецот остана во редовите на „топчиите“.

Сепак, се чини дека Алексис нема уште долго да го носи дресот на Арсенал со оглед на тоа што се уште одбива да ја продолжи соработката со клубот. Доколку работите останат вакви какви што се најдобриот играч на клубот ќе има одврзани раце во јануари да си бара нова средина и да преговара со клубовите за негов трансфер.

Од раководството на Арсенал не седат со скрстени раце и веќе ја пронајдоа замената за Алексис. Станува збор за играчот на Наполи, Дрис Мертенс кој игра во неверојатна форма во италијанскиот клуб.

„Калчомеркато“ пишува дека Арсенал ќе ја активира неговата откупна клаузула која е во висина од „само“ 26 милиони фунти и ќе го донесе репрезентативецот на Белгија во своите редови.