Венгер ја чека госпоѓа Жиру, а потоа планира и засилување во одбраната!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Додека се чека расплетот за Обамејанг, кој би требало да пристигне до петок, Французинот ќе ја засили и последната линија од тимот, односно ќе донесе и трето засилување во јануари.

И понатаму нема потврди, но по се изгледа дека трансферот на Обамејанг е блиску. Наводно Арсенал ја зголемил понудата на 58 милиони евра, а „Милионерите“ и понатаму бараат повеќе, но изгледа дека „клучот“ го држи госпоѓа Џенифер Жиру.

Таа наводно се сложила да се преселат во Дортмунд. Жиру сака да замине од Арсенал, а причина е малата минутажа и ограничената борба за место во репрезентацијата на Франција.

Делегацијата на Арсенал и понатаму е во Дортмунд, нема конечен договор, но по се изгледа малку останува до потписот.

И ова не би било последно засилување за Венгер затоа што тој го сака и Џони Еванс, кој би можел да го откупи за 25 милиони евра и така да ја засили одбраната.