Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Иако медиумите го поврзуваат Тухел со Арсенал, тоа би можело да биде од 2018-та година.
Венгер сака да остане, тоа веќе се знае. Договорот е тука, а тој сака само една година, наместо две.
Иако тоне на табелата, тој е решен да остане уште една сезона во тимот и да ја нападне титулата.
Санчез одби нов договор и го чека летото за да замине од тимот.
Од друга страна, и Озил би можел да го напушти тимот. Тој поради наводна болест не играше на последните натпревари, но сепак можеше да игра за Германија против Англија.
Според медиумите, Озил во последно време не е заинтересиран, па сака да замине од тимот.
Оваа сезона игра очајно и тоа е голем проблем за тимот, па ниту во клубот не се сигурни дали е паметно тој да остане.
Што се однесува до Венгер, луѓето забележаа промена во однесувањето, тој е добар, иако резултатите се лоши.
Па до 2018-та би можел да биде тренер на Арсенал, а во наредната сезона да дојде некој нов тренер во тимот.