Вестбрук оди кон нов рекорд!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во минатата ноќ Расел Вестбрук повторно беше неверојатен.

Тој одигра уште еден фантастичен натпревар и стигна до својот 30-ти трипл-дабл во сезоната.

Вестбрук во домашната победа на Оклахома против Јута постигна 43 поени, 11 скокови и 10 асистенции, па сега му недостига уште еден трипл-дабл за да се израмни со Вилт Чемберлејн.

Да потсетиме, Чемберлејн во сезоната 1967/68 имаше 31 трипл-дабл.

Рекордот и понатаму е во сопствеништво на Робертсон кој во 1961/62 имаше неверојатни 41 трипл-дабл постигнување.