Вестбрук стигна до 40-ти трипл-дабл, но тоа не беше доволно за победа на Оклахома!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оклахома беше поразена минатата ноќ на домашен паркет од Шарлот со 101:113, а тимот на Оклахома не успеа да стигне до победата и покрај трипл-дабл на Вестбрук.

Тој стигна до нов трипл-дабл, 40-ти во сезоната. Доколку до крајот на сезоната стигна до уште еден, тој ќе се израмни со Робертсон.

Вестбрук постигна 40 поени, 13 скокови и 10 асистенции и 3 освоени топки, но имаше и 8 изгубени топки.