Вест на денот во Каталонија, Меси потпишува, а ова се условите!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голема недела во Каталонија по неверојатната победа против Реал во Мадрид.

Лионел Меси ќе потпише нов договор со Барселона до крајот на мај, потврдија медиумите.

Таткото на Меси, Хорхе отиде на разговори во Барселона, кои ќе бидат завршени во наредните 20 денови.

Познато е дека на Меси не му е важно подобрување на годишните примања, туку гаранцијата дека тимот ќе биде засилен и дека со нов тренер ќе започне нова ера.

Не е тајна дека Меси не сака поединци во тимот како Матје, Диње, Гомеш, па најверојатно ќе се бараат замени за нив.

Рака на срце, иако поради тоа се зборува дека Меси е над клубот, факт е дека не треба да се биде посебен експерт за да се сфати дека Барселона згреши со споменатите играчи, односо дека Енрике промаши со изборот на играчи во последните 2 преодни рока.

Меси останува верен на својата Барселона, а со 2-3 засилувања и нов тренер, новиот тим би морал да ги нападне повторно сите трофеи.