Вест Хем сериозно заинтересиран за Жиру

Од таборот на Вест Хем ова лето ќе се обидат да го донесат играчот на Арсенал, Оливие Жиру.

Според еминентниот англиски спортски медиум „Скај Спортс“, Жиру е на листата на играчи од нападот кои Вест Хем сака да ги доведе ова лето.

Покрај Французинот, Вест Хем ќе се обиде да ги ангажира и Келечи Ихеанчо (Манчестер Сити), Мичи Батсуаи (Челси), Адама Траоре (Миделсбро) и Хенри Онјекуру (Еупен).

Жиру имаше солидна сезона постигнувајќи 19 погодоци за Арсенал, но стартуваше само 11 лигашки натпревари за Арсен Венгер.

Дени Велбек има предност во нападот пред Жиру, а кога Англичанецот беше повреден него го менуваше Санчез, па затоа многу е веројатно дека поранешниот играч на Монпелје ќе треба да ја менува средината. Згора на тоа, Арсенал силно се поврзува и со трансфер на Килијан Мбапе и Александре Лаказет.