Ветување на Конте, Реал и Челси спремаат трампа на деценијата!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ова дефинитивно ќе биде најголема трампа во историја на фудбалот.

Дали некогаш сте виделе за два фудбалски клубови да разменат играчи кои вредат заедно околу 150 милиони евра?!

Таква зделка во наредното лето спремаат фудбалските клубови Реал Мадрид и Челси.

Како што денеска ексклузивно пренесе шпанска Марка, Еден Азар добил ветување од Антонио Конте дека ќе го пушти во Реал Мадрид, доколку стигне понуда од 100 милиои евра или доколку Џејмс Родригез биде вклучен во трансферот.

Зинедин Зидан го означи Белгиецот како мета број еден за летниот преоден рок, а Флорентино Перез веќе тргна во акција.

Клучен фактор во оваа приказна може да биде Родригез, играч кој го сака Конте, а на кого Зидан не смета во оваа сезона.

Неговата вредност се проценува меѓу 70 и 80 миолиони евра, па во таа комбинација Реал ќе доплати одредена сума за трансфер на Азар.

Колумбиецот од заминувањето на Карло Анчелоти падна во втор план, дури поголема минутажа од него имаа и Иско и Лукас Васкез, па така разделбата е речиси неминовна.

Сепак, Конте мисли дека Родригез може да се вклопи во неговиот систем, па така не е исклучено да дојде до оваа интересна трампа.