Вечер на трансфери: Манчестер Сити пред комплетирање на прв трансфер


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Како што објави „Скај спортс“, Ријад Махрез во моментов се наоѓа на медицински прегледи пред и официјално да го комплетира трансферот во Манчестер Сити.

Лестер за овој трансфер ќе добие околу 60 милиони фунти, околу 20 милиони помалку од тоа што го бараа војануари.

Махрез беше дел од четири неуспешни трансфер обиди на Манчестер Сити во јануари, а кога трансферот не се реализираше тој бојкотираше и не учествуваше во тренинзите. Сепак, по одреден период се врати во составот и продолжи да нуди одлични натпревари за клубот од Лестер.