(Видео) Говорот на Фердинанд по поразот на децата на Јунајтед од Сити со 9:0


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд е активен на Youtube.

Последното интересно видео го сними во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед, а најинтересен дел се наоѓа на крајот од клипот.

Имено, тој влегол во соблекувалната каде што беа децата на Јунајтед и им одржа говор по нивниот пораз од Манчестер Сити од 9:0 пред неколку недели.

Фердинанд, меѓу другото, им рече дека неговата генерација загуби 6:1 против Сити и дека тоа може да им се случи и на најдобрите. Исто така, им рече и дека тоа не е причина за откажување, туку за уште поголема желба и волја. Погледнете и сами: