(Видео) Чудо во Манчестер: Пресврт за кој денеска зборува целиот Остров


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најневеројатните пресврти кој е виден на фудбалските терени во последно време се случи вчера во близина на Манчестер во натпревар од ФА Купот.

Натпреварот од ФА Купот помеѓу Карзон Ештона и Вимблдон во живо го следеа речиси 2,000 навивачи и мора да се признае дека тие луѓе беа вистински среќници, особено оној дел на навивачите кои ги поддржуваа гостите.

Мечот беше завршен со победа на Вимблдон со резултат 4:3 (0:2), а ќе остане запишано дека домаќините прокоцнаа три гола предност и тоа за само десет минути, бидејќи Карзон Ештона имаше преднсот од 3:0 кога мечот влезе во осумдесеттата минута.

Гостите за десет минути успеаа да го поништат заостатокот од три гола, а потоа во четвртата минута од продолжението го постигнаа победничкиот гол и така предизвиакаа ерупција на ентузијазам помеѓу своите навивачи.

Некои ќе речат дека натпреварот бил наместен, можеби и има основа да се сомнева на регуларноста на деталите, но се додека не се докаже тоа спротивно останува дека ова е еден од најголемите пресврти во блиска иднина.