Вистинска „бомба“ во најава: Реал Мадрид зимава купува страшен напаѓач!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид игра фантастично и без Кристијано Роналдо, а тоа го покажаа против Рома со победата од 3-0 во првото коло од Лигата на шампиони.

Флорентино Перез беше тивок во летниот преоден рок, но очигледно реши да троши многу пари зимава.

Наводно, Перез е заинтересиран за Мауро Икарди, кој го покажа својот квалитет против Тотнем, па Аргентинецот би бил фантастично засилување.

Сепак, „кралевите“ за неговиот потпис ќе мора да понудат повеќе од 100 милиони евра, а очигледно конечно се подготвени на таков потег.