Вистински „ХАОС“ на трансфер пазарот: Јунајтед подготви повеќе од 200 милиони фунти за потенцијалните имиња?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Три е бројот на мети врзан за гигантот Манчестер Јунајтед, па оттаму е јасен и нивниот план.

Повторно е убаво да се биде навивач на „Црвените ѓаволи“ овие денови.

Фановите на тимот од Манчестер ја дочекаа смената на Жозе Мурињо, а новиот тренер Оле Гунар Солскјер ја започна својата мисија на најдобар можен начин, со победи во низа.

Токму тоа им недостасуваше на „Ѓаволите“ во текот на двеиполгодишното „владеење“ на „Специјалниот“, а Норвежанецот наскоро би можел да добие и вистински засилувања.

Планот на управата на клубот е да се засили одбраната, нема да брзаат во јануари, но ако се добие шанса можеме да видиме некое од трите потенцијални имиња.

Јунајтед подготви преку 210 милиони фунри за да го одбележи пристигнувањето на Тоби Алдервајлд, Клаудио Кулибали и Матис Де Лихт, тврди „Bleacher Report“.

Најкап би требало да биде Сенегалецот од редовите на Наполи кој важи за еден од најбараните фудбалери на светот во овој момент, а цената е 108 милиони фунти.

Де Лихт е проценет на 63 милиони фунти, а проблем е и големата конкуренција за суперталентираниот Холанѓанец.

Алдервалјлд би требало да е најефтин од сите, има гласини дека постои откупна клаузула во износ од 20 милиони фунти, но „Црвените Ѓаволи“ се подготвени да дадат и двојно повеќе доколку таа не постои.

Сосема е јасно, одбраната е приоритет и на тоа ќе се работи дури и во случај Солскјер да не остане на „Олд Трафорд“.