Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Се сеќавате ли на него?
Ројстон Дренте е прогласуван за еден од најталентираните играчи во светот. Експлодираше во 2007 на првенството за млади, а прерано дојде во Реал.
Овој поранешен играч се претстави во Шпанија со голот против Севиља.
Почнаа проблемите, од Херкулес каде што се жалеше што му доцни платата, па беше во Евертон, а на крајот и во Алани. Тежок карактер, често водеше сметка за изгледот и се занимаваше со рап музика, годините поминуваа, а сега ги има 29.
По Рединг, Шефилд Венздеј, замина во Кајзери и на крајот во Абу Даби.
Сака да се врати во некоја силна лига, а интересно е тоа што неговиот вујко Едгар Давидс се обидува да му најде ангажман во Италија. Роднината на Дренте, Вајналдум е во Ливерпул, но сега е постар и до пред неколку години познатиот Дренте не можеше да смета на враќање во ПЛ.
Ќе се пресели ли во Серија А?
Дренте е подготвен да игра за малку пари до крајот на сезоната, се нудеше на Пескара и Каљари. Во Сардинија размислуваат, секој е добредојден, со тоа што сопствениците се заинтересирани за донесување на играч кој порано беше големо име.
А дали ќе дојде до такво нешто, ни останува да видиме наскоро.