Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Директорите на Ф1 тимот, Мерцедес, Волф и Лауда ги продолжија договорите до 2020 година.
Лауда во Мерцедес стигна на крајот на 2012 година и има 10% од акциите додека Волф стигна од Вилијамс во февруари 2013 и има 30% од акциите.
Под нивно водство, а по воведување на хибридните турбомотори, Мерцедес е целосно доминантен во натпреварувањето.
Со овие договори Мерцедес стави крај на напорната зима во која замина Педи Лав, а го замени Џејмс Алисон, но во центар на внимание беше повлекувањето на Розберг кој го замени Ботас.
Се очекува Мерцедес сега да се посвети на преговорите со новиот сопственик на Ф1, Либерти медија груп во врска со новиот договор по 2020 година.
На крајот на оваа недела Мерцедес ќе го претстави болидот за сезоната 2017, по што почнуваат првите тестирања.
Новата Ф1сезона започнува на крајот на март со ГН на Австралија.