Воодушеви во Италија, очекува понуда од англискиот гигант


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул сака да го доведе 19-годишниот фудбалер на Аталанта, Френк Кеси.

Кеси е ѕвезда во Серија А, фантастичен е во дресот на Аталанта, а Кориере Дело Спорт соопшти дека го следат на Енфилд и Ливерпул е спремен да го доведе следното лето.

Скаутите на црвените го следеа на натпреварот против Рома кога постигна погодок од пенал и на адреса на Аталанта би можела да пристигне понуда од 22 милиони евра, а фудбалерот ќе заработува 2.5 милиони евра по сезона.

За Кеси заинтересиран е и Јувентус, а Аталанта го сака и најверојатно ќе го задржи до крајот на сезоната. Оваа сезона младиот фудбалер има постигнато 5 погодоци и асистирано еднаш и главен виновник што тимот од Бергамо се наоѓа на шестата позиција на табелата во Серија А.