Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Војдан Стојановски одигра феноменален натпревар против фаворизираниот Баерн Минхен во победата на неговиот Олденбург од 83:82.
Домашниот тим на Олденбург на крилата на Стојановски одигра одлично прво полувреме кое го доби со десет поени предност, 50:40. Нашиот кошаркар беше непогрешлив со 14 поени со шест погодени удари за два од исто толку обиди, и две реализирани слободни фрлања.
Стојановски не беше во стартниот состав на својот тим, но тоа не му беше проблем да одигра перфектно прво полувреме.
Покрај импресивната статистика Стојановски речиси цело второ полувреме го помина на клупата и во вториот дел успеа да реализира само два поени.
Тимот на Олденбург во крајно неизвесен финиш го доби Баерн Минхен со конечен резултат 83:82.
Олденбург во моментов е на втората позиција на табелата во Германија, додека прв е тимот на Баерн Минхен.