Војна во ПЛ – Мурињо го „нокаутираше“ Конте! Кој местеше натпревари?


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Војната помеѓу Конте и Мурињо продолжува, затоа што Мурињо изјави дека медиумите прават погрешни заклучоци за тоа дали е среќен во Јунајтед на основа на тоа што не се однесува како кловн на клупата, а на сите им е јасно дека тој мисли на Конте кој има многу повеќе страст од него.

Јасно, Италијанецот не молчеше, иако многумина веруваат дека отровната стрела на Мурињо е испратена кон Клоп.

„Требаше да се сети што правеше во минатото, тој понекогаш заборава што има изјавено, а тоа се нарекува сенилност.“, објасни Конте.

И веднаш пристигна одговор на тоа.

Мурињо по натпреварот во ФА купот, изјави дека медиумите треба да му се извинат на Конте, затоа што се пронаоѓа во многу изјави, а потоа следуваше и потсетување.

„Секако дека грешиме сите. Сепак, тоа што е сигурно е дека мене никогаш нема да ме дисквалификувате поради местење на натпревари.“

Ова беше класичен нокаут, затоа што Конте беше суспендиран од клупата на Јувентус неколку месеци, поради обвинувања дека знаел дека неговиот поранешен клуб Сиена мести натпревари, а тој не го пријавил тоа.