Во Баерн нешто не штима, на големо се дава шанса на Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Матс Хумелс смета дека Арсенал има на што да се надеваме во пресрет на вечерашниот дуел.

Баерн го дочекува Арсенал во дуелот од осмина финалето на ЛШ, а дефанзивецот на Баварците веруваат дека Топџиите имаат свои шанси.

„Во оваа сезона се е одлично што се однесува до мене. Меѓутоа, не играме најдобро. Имаме проблеми во екипата, мораме тоа да го промениме. Далеку сме од тоа вистинско издание“, рече Хумелс.

„Арсенал сака да игра фудбал, сака да има посед. Мораме да бидеме внимателни, Арсенал е незгоден ривал, може се да се случи“.

Сепак, и покрај се, Баерн е голем фаворит во дуелите со Арсенал, но знаеме што синоќа се случи на Паркот на Принцевите во мечот ПСЖ и Барселона.

Каталонците беа фаворити, но се поразени со 4:0, па поради тоа не треба да го отпишуваме Арсенал.

Впрочем, кружи приказна во последно време дека работите кај Баварците не функционираат баш најдобро и дека домашните играчи сметаат дека странците повикуваат на проблем во тимот.