Во Барселона се одлучиле каде Нејмар треба да оди!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар е суспендиран на три натпревари поради однесувањето на мечот против Малага.

Нејмар заработи црвен картон после стартот над противнички играч, а работите да бидат уште полоши аплаудираше иронично на судијата после таа одлука.

Дисциплинската комисија направи истрага, и денеска соопшти дека Нејмар ќе пропушти три наредни натпревари на Барса што значи дека нема да игра против Реал Мадрид.

Бразилецот се извини на соиграчите поради ова однесување, и вети дека нема тоа да се повтори.

Сепак, Барселона поара од Нејмар за наредните неколку недели да оди кај клупскиот психолог кој треба да помогне на Бразилецот.

Познато е дека Луис Суарез после доаѓањето во Барса мора да оди кај психолот поради своето однесување и очигледно дека тоа помогна кај Уругваецот.

Во каталонскиот клуб се надеваат дека Нејмар во иднина нема да има „жолти минути“ поради што често беше во бележникот на судијата.