Во Мадрид се изненадени пред Суперкласико: Не очекувавме ваков притисок!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реваншот од дуелот во финалето на Копа Либертадорес помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс конечно ќе биде одигран на деветти декември, но во Мадрид на „Сантијаго бернабеу“.

Аргентинските клубови требаше да играат пред седум дена на „Монументал“, но откако навивачите на Ривер го нападнаа автобусот на Бока и повредија неколку фудбалери, КОНМЕБОЛ немаше друго решение освен да го пресели дуелот далеку од Аргентина.

„Кралскиот клуб“ како сопственик на стадионот и еден од организаторите на натпреварот се задолжени за продажба на билетите.

Од Мадрид порачаа дека за 24 часа добиле неверојатни 150 милиони барања за влезници за дуелот помеѓу Ривер и Бока, а Реал нема навикнато на таков притисок, па побараа помош од КОНМЕБОЛ.

Познато е дека 70.000 Аргентинци живеат во Шпанија и поради тоа беше решено да се игра во Мадрид. Сепак, не е исклучена можноста и во Мадрид да има нереди затоа што навивачите нема да бидат задоволни бидејќи сите не може да стигнат до билети.