Во подготовка голема јануарски трансфер: Погба без размислување кажа „ДА“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Веќе со почетокот на следната година би можеле да бидеме сведоци на еден голем трансфер во европскиот фудбал.

Според пишувањата на Кориере дело Спорт, агентот на Погба, Мино Раиола му порача на Јувентус „да тргне во акција“, па сега се е поизвесно враќањето на Французинот во редовите на бившиот клуб.

Погба не е среќен во Манчестер и тоа е евидентно, има лош однос со Жозе Мурињо, а на гостувањето во Торино на еден од навивачите на Јувентус тивко му довикна дека сака да се врати, што ги разбесни навивачите на Јунајтед.

„Повторно во Јувентус? Никогаш не се знае… Сега сум во Јунајтед“, истакна Французинот по тој меч.

Тој за Јувентус доста успешно играше од 2012. до 2016. година, а на крајот во трансфер вреден 105 милиони евра се врати во Јунајтед и се чини дека на повидок е уште еден кам бек.