Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Првиот стрелец на Лион и еден од најдобрите напаѓачи во Европа, Лаказет беше презадоволен по победата против Рома од 4:2.
Лион водеше со 3:2 се до судиското продолжение кога Лаказет постигна неверојатен гол кој би можел да биде и повеќе од важен, со оглед на тоа дека клубот полесно ќе игра во реваншот со 2 голови предност.
„Мислам дека докажавме дека сме силен тим и дека можеме да се спротиставиме на најдобрите екиои во Италија. Можеби делувавме лошо во првиот дел, но тоа е наша грешка. Треба да гледаме позитивно на тоа дека постигнавме 4 голови.“
„Во судиското продолжение ми се врати за цел вложен труд. На тимот му требав во одбранбената фаза, па јас бев уморен, но се вратив со гол и важна победа.“
Реваншот се игра за 7 денови.